Мобилно новинарство посветено на решенија
Погледнете ја снимката
Во своето излагање, Дугал Шо (Би-би-си) ќе нè одведе зад сцената на некои од неговите најголеми онлајн хитови, како што е Шведскиот рециклирачки трговски центар, и ќе објасни како ги снимил филмовите. Ќе зборува за предностите на новинарот кој снима „соло“, со својот смартфон, како и придобивките од други гаџети како што се камери со прегледност од 360° и џебни гимбали.
Дугал објаснува зошто тој смета дека снимањето со паметен телефон е погодно за новинарството посветено на решенија. Исто така, ќе зборува за различните начини на коишто новинарите можат да му пристапат на новинарството кое нуди решенија, во зависност од тоа на која позиција во редакцијата работат. Лично тој има преминато од оддел комплетно посветен на новинарство кое нуди решенија, Луѓе кои го поправаат светот на Би-би-си, во одделот на Би-би-си за бизнис и технологија.