Васко Маглешов е новинар, презентер и водител повеќе од 10 години. Кариерата ја започнал на националната телевизија „Сител”, работел на сателитскиот канал „24 вести“, а потоа и како уредник на вести во Телевизија 21 и новинската агенција Макфакс.
Маглешов беше награден од Мисијата на ЕУ во Северна Македонија за истражувачка сторија. Тој е еден од авторите на прирачникот за дезинформации и критичко размислување за неформално образование во земјата, исто така и член на Судско-медиумски совет на Македонија.
Учествувал во бројни професионални тренинзи и работилници за независни медиуми, медиумска писменост, проверка на факти и истражувачко новинарство. Бил дел од групата за анализа на медиумската покриеност и програма за мониторинг на медиумите.
Моментално работи како новинар во БИРН Македонија.