Цеце Тодосовска е новинарка со над 10 години работно искуство, почнувајќи со студентскиот весник „Став“ и дневниот весник „Вест“, брзо профилирајќи се како новинарка и водителка во радио и телевизиски медиуми како Метрополис радио, Сити радио, Џангл ТВ и АБ канал.
Од 2010 година е во телевизија Телма каде како уредничка, новинарка и водителка потпишува неколку различни ТВ емисии (Шестиот ден, За добар ден, Утринска на Телма, 90 минути) и остава свој печат како препознатливо и омилено ТВ лице.