Ренате Шродер е директорка на Европската федерација на новинари (ЕФН). Во 1993 година пристапува во Интернационалната федерација на новинари (ИФН), а од 2003 година работи за ЕФН.
Нејзината работа од малата динамична канцеларија во Брисел вклучува застапништво на ниво на ЕУ и Советот на Европа; претставување на ЕФН на меѓународни средби, мисии за утврдување проблеми во слободата на медиумите, како и вклученост во жири комисии, проекти и советнички позиции при ЕФН на теми поврзани со хонорарци, медиумска писменост и дигитално новинарство.
Ренате Шродер студирала Меѓународни односи и политички науки на Бостонскиот универзитет, каде дипломира во 1988 година, додека во 1992 година магистрира на Слободниот универзитет во Белин (Freie Universität Berlin). Работела во Обединетите Нации во Њујорк, во истражувачкиот институт FAST во Берлин, како и во Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) во Брисел. Германка е, зборува англиски, француски, италијански, германски, и шпански (пасивно).