Миа Малан е основачка и главна уредничка на Центарот за новинарството за здравство Бекисиса, водечки стартап медиум од Јужна Африка, финансиран од донации. Бекисиса е тамошен пионер во новинарството посветено на решенија и нивните репортажи влијаеле врз низа здравствени и социјални политики.
Благодарение на работата во редакци и организации за развој на медиуми во Јоханесбург, Најроби и Вашингтон, Миа има стекнатно 25-годишно искуство во новинарството и во разработувањето нови медиуми, како во традиционалната, така и во дигиталната сфера. Од рубрика во печатен медиум, во изминатите седум години ја разви Бекисиса до независна граѓанска организација.
Работејќи во печатени медиуми, како и на радио и телевизија, Малан соработувала со новинари и медиуми од Јужна Африка, Кенија, Нигерија, Боцвана, Уганда, Етиопија, Индија, Тајланд, Иран и Чешка. Била стручен соработник на Меѓународниот центар за новинари (ИЦФЈ), како и на Институтот за новинарство на Ројтерс, при Универзитетот Оксфорд. Миа има добиено 26 локални и меѓународни награди за нејзината радио, пишана и телевизиска работа. Член е во советот на Националниот форум на уредници во Јужна Африка.