Метју Каруана Галиција е раководител на фондацијата „Дафне Каруана Галиција“. Работел во Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), развивајќи ја технологијата што овозможи да се спроведат големи истражувања како „Панамските документи“ и „Рајските документи“.
Во 2018 Метју го напушта конзорциумот ИЦИЈ за да се посвети на случајот за убиството на неговата мајка, Дафне Каруана Галиција. Малтешката новинарка Дафне која истражуваше случаи на корупција, беше убиена во 2017 година. Оттогаш, Метју Каруана Галиција и неговото семејство неуморно се борат против системски овозможената неказнивост и се трудат да ја откријат вистината за смртта на Дафне.