Марија Севриева работи како новинар повеќе од 13 години.
Во тој период, таа има работено за различни телевизиски, печатени и онлајн медиуми. Изминатата година работеше како дописник за Дојче Веле и беше дел од стипендиска програма во Радио Слободна Европа/Радио Слобода во Прага. Во моментов таа работи во дигиталниот медиум Види Вака.
Низ годините, најмногу искуство има во покривање теми поврзани со судските реформи и известување за судски случаи. Покрај тоа, работела на неколку истражувачки приказни од областа на животната средина, како и на аналитички теми поврзани со ЕУ интегративниот процес.