Независниот документарист Мајкл Освалд низ своите дела ги истражува темите на тајност и злоупотреба на моќ, со намера да ги урне догматски слепите верувања и да поттикне критичко размислување.
Инспириран од истражувачки документарци и надреалистички филмови, Освалд снима впечатливи наративни документарци. Автор е на Човекот кој премногу знаеше (2020), Пајаковата мрежа (2017), прикажан на првото издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје, и Принцови на јенот (2014).