М-р Лилјана Пецова – Илиеска е основачка на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и доброуправување и директорка на Програмата за приватност и Интернет, со посебен фокус на прашања на добро управување, анти-корупциски политики, транспарентност, отчетност и отвореност на институциите.
Има долгогодишно работно искуство во јавна администрација и е одличен познавач на состојбите во реформските процеси и ЕУ интегративни политики.
Од аспект на граѓанскиот сектор работи на полето на едукација на возрасни, градење капацитети, истражувања, анализи и евалуација.
Пецова – Илиеска е сертифицирана обучувачка за возрасни и дел е од заедницата за заштита на приватноста со посебен интерес кон секторот „безбедност и следење“ и „приватноста во медиумите“.
Членка е на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.