Кристина Озимец е истражувачка новинарка од Скопје и претседателка на Платформа за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА. Таа е исто така на чело на организацијата на Истражувачки Филмски Фестивал – Скопје.
Таа е насочена кон покривање различни области како политика, корупција, владеење на правото, човекови права и образование. Озимец има добиено бројни награди за нејзините истражувачки стории и пофалена за нејзиното професионално известување за теми кои ги засегаат маргинализираните заедници и човековите права. Таа спроведувала тренинзи и предавања за истражувачко новинарство и медиуми.
Таа е координатор на две програми во ПИНА – Програма за жени новинарки и Програма за мобилно новинарство и координатор за програмата – Мрежа на млади новинари. Кристина дипломирала новинарство на Правниот факултет во Скопје.