Ивана Настеска дипломира новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Како новинарка започна да работи во 2008 година. Во текот на кариерата работи во повеќе печатени и онлајн медиуми како неделникот Форум, новинската агенција Макфакс, дневните весници Дневник и Независен, веб-порталот Телеграф и ВидиВака. Во моментот работи во 360 степени.
Во текот на овие десетина години покривала теми од внатрешна политика, граѓански теми, а во последниве четири години активно ги следи случувањата од областа на културата. Во континуитет ги надоградува технолошките вештини во сферата на новите и социјалните медиуми.