Ени Ниманд, докторка на науки, е раководителка за истражувања во Центарот за комуникации од јавен интерес при Универзитетот во Флорида.
На оваа позиција таа соработува со различни организации кои сакаат во својата работа да внесат наоди од бихевиоралните, когнитивните и општествените науки. Оваа соработка вклучува партнерства со Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации, Стејт департментот на САД и други институции од САД посветени на комуникации од јавен интерес.
Ниманд пет години го предводела истражувачкиот отсек на френк, годишна средба на теоретичари, практичари, активисти и донатори од целиот свет, кои се занимаваат со комуникации од јавен интерес.
Нејзини текстови се објавувани во публикација за социјални иновации на Стенфорд, Д Конверсејшн, Кварц, Салон, Хафингтон пост и Њузвик. Ени е квалитативен истражувач со стручно искуство во интервјуа, фокус-групи и етнографија. Таа ги изучува социјалните и психолошки темели на комуникацијата од јавен интерес, научната комуникација и општествените движења.