Eн Кристијано е раководителка на Центарот за комуникации од јавен интерес и професорка на катедрата за Односи со јавноста, при Универзитетот во Флорида.
Таа го развива првиот курикулум по Комуникации од јавен интерес, поврзувајќи врвни теоретичари и практичари, кои споделуваат искуства и истражувања со кои се унапредува новонастанатата научна дисциплина. Комуникациите од јавен интерес користат научно базирани методи за стратешка комуникација и раскажувачки вештини со цел поттикнување позитивна општествена промена.
Во мај 2020 година, го завршува својот десетгодишен мандат како прва раководителка на катедрата за Комуникации од јавен интерес на Универзитетот во Флорида.
Пред ангажманот во Универзитет во Флорида, во 2010 година, работела како виша советничка за комуникации во Фондацијата Роберт Вуд Џонсон, каде што била насочена кон програми за општествени фактори кои се двигатели на здравјето и благосостојбата, како домување, образование и ментално здравје. Нејзини текстови се објавувани во публикација за социјални иновации на Стенфорд, а во 2014 година е избрана за професор на годината на Универзитетот во Флорида.
Нејзината работа во Центарот вклучува партнерства со Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации, Стејт департментот на САД и други институции кои работат во тоа поле. Има работено со повеќе државни агенции, Фондацијата Гејтс и со други граѓански организации и фондации ширум Флорида. Редовно обучува научници и други лидери како поефективно да ја изразат важноста на нивната работа.