Дугал Шо работи како Виш иновативен видеоновинар во бизнис отсекот на Би-би-си. Како дигитален репортер, создава авторска содржина за медиумските канали на Би-би-си – дигитални, радио и телевизиски.
Неговите најуспешни приказни, како „Кружни писти“ и „Шведскиот рециклирачки трговски центар“, се едни од најголемите дигитални хитови на Би-би-си достигнувајќи повеќе од 40 милиони прегледи на Фејсбук. Се специјализира за МоЏо – мобилно новинарство. Сите репортажи за Би-би-си од последните 5 години, ги има снимено со мобилниот телефон.
Во последните три години е посветен на новинарство кое нуди решенија, нова дисциплина која се фокусира на приказни за луѓе кои се трудат да направат позитивна промена во општеството.