Солидарност
Гледај го бесплатно тука
Достапен секој ден 20-25 октомври.
Синопсис
„Солидарност“ ги следи активистите од Групата за поддршка на ставените на црна листа во британската градежна индустрија. Тие се шпионирани, оневозможено им е вработување на други места, дел од жените се примамувани на врски со членови на тајната полиција, а некои од работниците стануваат толку очајни што единствениот излез го гледаат во самоубиство. „Ставањето на црна листа“ во градежната индустрија во Обединетото Кралство, влијаеше врз илјадници работници кои биле етикетирани како подбуцнувачи поради кревање глас за работните услови и условите за вработување.
„Солидарност“ внимателно ги следи состаноците помеѓу активистите и студентите по право, здружени за потребите на филмот. Првиот долгометражен филм на режисерката и сценаристка Луси Паркер е правен во соработка со членовите на Групата за поддршка на ставените на црна листа кои и учествуваат во филмот, како и главните членови на организацијата за Истрага на полициските тајни задачи и членови од други активистички групи.