Пештерата
Гледај го бесплатно тука
Поради авторски права филмот е достапен после 25 октомври. Наскоро повеќе информации за датумот.
Синопсис
Ферас Фејад, кој беше номиниран за Оскар за филмот „Последниот човек во Алепо“ (Last Men in Aleppo), ни носи бестрашна приказна од војната во Сирија, моќниот нов документарец – Пештерата. Надежта и безбедноста за цивилите под опсада лежи во подземната болница позната како Пештерата, каде д-р Амани Балур, лекар и педијатар, со своите колешки Самахер и д-р Ала, работат рамо до рамо со машките колеги, на начин кој е незамислив во угнетувачката патријархална средина која постои надземи. Следејќи ги жените во нивното секојдневно справување со бомбардирања, постојани недостатоци на залихи и сеприсутната закана од хемиски напади, Пештерата портретира храброст, отпорност и женска солидарност.
Настанот е поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје