Клучни начела за ефектни приказни
Големите приказни се форма на уметност – и како и секоја голема уметност, постои техника на градење впечатлива приказна.
Кога создаваме приказни често ги занемаруваме научните сознанија што покажуваат што ги издвојува ефектните, живописни приказни од останатите. Во оваа работилница, Центарот за комуникации од јавен интерес при Универзитетот во Флорида, ќе ги претстави своите седум начела за градење приказна овозможувајќи ви создавање приказни кои привлекуваат внимание и поттикнуваат промени.
Работилницата наменета за новинари кои сакаат да ја совладаат техниката за пишување ефектни приказни е бесплатна. Единствено е потребно заинтересираните новинари да го најават своето присуство на мејлот petrusevska@gmail.com.
Настанот е поддржан од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје