Коронација

Филм

Коронација

Гледај го бесплатно тука

Достапен секој ден 20-25 октомври. 

Синопсис

„Коронација” е првиот документарен филм за КОВИД-19 во Вухан, Кина. Како прв град погоден во глобалната пандемија, градот со 11 милиони жители беше ставен под невидена блокада. Низ призмата на пандемијата, „Коронација“ јасно ја пресликува кинеската машинерија за управување со кризи и социјална контрола – преку надзор, идеолошка измама и цврста одлучност да се контролира секој дел од општеството. Ја илустрира вредноста на поединечниот живот во политичкото опкружување, осврнувајќи се на потешкотиите со коишто се справуваме како поединци и држави, во глобален контекст. На крајот, резултатот е општество без доверба, емпатија и солидарност. Покрај импресивното ниво и брзина на целосното затворање на Вухан, се соочуваме со поегзистенционално прашање: може ли цивилизацијата да преживее без човештво? Можат ли нациите да се потпрат едни на други без транспарентност и доверба?

Ај Вејвеј го режираше и продуцираше филмот на далечина – од Европа. Во снимањето учествуваа обичните граѓани на Вухан.

ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕЈЛЕР

Датум:
Tue, 20 Oct | 20:30
Година:
2020
Времетраење:
113 минути
Земја:
Германија
Јазик:
кинески
Режија:
Ај Вејвеј
Продуцент:
Ај Вејвеј
Сценарио:
Ај Вејвеј
Монтажа:
Wang Fen