Дискусија
Дафне Каруана Галиција: Борба за правда
Погледнете ја снимката
Разговор со Метју Каруана Галиција за работата на Дафне Каруана Галиција и истрагата за нејзиното убиство, којашто е далеку од она што би можело да се нарече правда. Како самата Дафне Каруана Галиција, и нејзиното семејство не дозволува да биде замолчено. Тие, преку Фондацијата „Дафне Каруана Галиција“, го продолжуваат споменот за малтешката новинарка, борејќи се против корумпираниот систем во име на јавниот интерес и слободата на медиумите.
Со Метју Каруана Галиција ќе поразговараме и за неговата работа во Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ).