Човекот кој премногу знаеше

Филм

Човекот кој премногу знаеше

Гледај го бесплатно тука

*фестивалска премиера

Достапен секој ден 20-25 октомври. 

Синопсис

“Човекот кој премногу знаеше “ е документарен филм на Мајкл Освалд за Колин Волис, поранешен виш службеник за информации во Министерството за одбрана на Велика Британија. Филмот фрла поглед на двојните аршини во разузнувачкиот свет и психолошката војна низ очите на човекот кој стои во центарот на тој свет. Работата на Колин Волис вклучувала ширење лажни вести, кревање општа паника, оцрнување политичари и обиди да се подели или создаде конфликт помеѓу заедници, организации и поединци. Волис ги расипува односите со делови од британската разузнавачка заедница, му било наместено убиство и бил осуден на 10 години затвор. По 15 години од пресудата, казната била поништена, откако судскиот вештак признал дека извештајот бил пишуван под влијание на член од разузнавачката заедница.

ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕЈЛЕР

Датум:
Sat, 24 Oct | 20:00
Година:
2020
Времетраење:
70 минути
Земја:
Обединето Кралство
Јазик:
англиски
Режија:
Michael Oswald
Продукција:
Michael Oswald
Постпродукција:
Michael Oswald
Асистент на монтажа:
Santiago Piqueras Ricote